Портпаролот на јеменската милитантна група Хути објави дека оваа група го извршила нападот на американскиот брод во Црвеното Море.
Пред неколку часа и оваа група објави дека ги разгледува сите американски и британски бродови како потенцијални цели, пренесува Телеграф.
Товарен брод денеска беше погоден со проектил додека пловел на околу 100 милји од Аденскиот залив.
Како резултат на овој напад, бродот претрпел „мали“ оштетувања без да се прецизира за каква штета станува збор.
Од друга страна, САД и Велика Британија ветија дека ќе продолжат со нападите врз оваа група доколку продолжат да ги напаѓаат товарните бродови во Црвеното Море.