На меѓународниот аеродром Скопје, државјанин на Обединетите Арапски Емирати, по потекло од Индија, се обидел да прошверцува 76 парфеми во земјава. По пристигнувањето во земјава, патникот го избрал зелениот канал и поради сомнение бил избран за царинска контрола. При претресот во двата куфери што ги носел биле пронајдени парфеми со потекло од Дубаи, а кои патникот не ги пријавил, соопшти денеска Царинската управа.
Во друг случај на Меѓународниот аеродром Скопје, при претрес на патник кој требало да патува со лет од Скопје до Лондон Лутон, биле пронајдени 260 пакувања од 50 грама тутун.
Царинската управа информира дека возач на камион преку граничниот премин Табановец се обидел илегално да внесе соларен инвертер во државата. Тој во неговиот обид бил спречен од службата за мобилни скенери, која при проверка констатирала неправилности во кабината, по што била извршена физичка проверка, кога бил пронајден соларниот инвертер.
Цариниците на граничниот премин Табановце во куферите на еден од патниците кои патувале во автобусот на релација Скопје-Белград пронашле 129 пакети суплементи Зео Медик. Додатоците се одземени, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
Царинските службеници спречија обид за шверц на 3.150 вреќи Маџун со додатоци, откако патник се обидел илегално да ги внесе во државата преку граничниот премин Богородица. Лицето кое патувало со автомобил, на прашањето дали има што да пријави на царина, одговорило дека нема што да пријави. Поради сомнение, возилото е селектирано за детален преглед, при што непријавената стока била пронајдена во багажот во три куфери меѓу лични предмети.
Мобилен царински тим на царинската единица Табановци при контрола на камион заплени 463 парчиња облека со имиња на Ралф Лорен, Диор, Бос и други модни марки поради основано сомнение за повреда на права од интелектуална сопственост.
Царинската управа соопшти дека патник на граничниот премин Ново Село се обидел да прошверцува разна стока, ножеви, клучеви, опрема за риболов и слушалки. Тој бил запрен од царинските службеници кои при претрес на возилото ја откриле непријавената стока во багажникот и меѓу седиштата.