Светлана Цеца Ражнатовиќ и Мира Шкориќ некогаш беа најдобри пријателки. Во 1990-тите, дветe ја снимија песната „Не сметај на мене”, која неодамна предизвика ,,војна” кога Цеца ја сними песната со колешката Маја Беровиќ.
Меѓутоа, сега на социјалните мрежи се појави видео од минатото каде Цеца во една емисија детално зборува за тоа како изгледа нивното дружење во четирите ѕида на величествената вила во сопственост на Ражнатовиќ.
-Нејзе и’ пречи навечер кога ќе ги наполниме пепелниците и ќе ги оставиме филџаните, потоа се прави куќна помошничка, се средува, се мие и тогаш и’ велам: „Ајде, остави го тоа, дојди седни овде“, а таа ми вели: „Не, не, сè мора да блесне“ – рече Светлана во интервјуто.
Да потсетиме, сè уште не е познато зошто овие две поранешни најдобри пријателки се скарале.