“ЦЕЛА ЗЕМЈА ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПУСТИНА!“ – Украина останува без своето најголемо богатство – еве и зошто

Украина може да загуби неколку милиони тони род поради уништувањето на браната „Нова Каховка“ на југот од земјата, предупреди во вторникот Министерството за земјоделство на Украина.

Без водоснабдување, невозможно е да се одгледува зеленчук. Зрната и маслодајните семиња ќе се одгледуваат со користење на екстензивен модел со ниски приноси“, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство на Украина.

Министерството за земјоделство на Украина предупреди оваа недела дека илјадници хектари земјоделско земјиште во јужна Украина ќе бидат поплавени поради уништувањето на браната и дека најмалку 500.000 хектари земјиште може да се претворат во „пустина“ во отсуство на наводнување.

Според Министерството за земјоделство на Украина, ќе треба да се изврши проценка на земјоделско-еколошката состојба на почвата на поплавеното земјиште, а во најголем број случаи ќе треба да се применат методи за обновување на почвата.

Во погодената област најмногу се одгледувале зеленчук, дињи, жито и маслодајни семиња.

Украина е еден од водечките производители и извозници на жито и маслодајни семиња во светот.

бранавојназемјоделиеРусијаУкраинаХерсон