ЦЕЛА РОМАНИЈА ЈА БАРА ОВАА ДЕВОЈКА (13 г.) – Семејството и полицијата бараат помош од јавноста

13-годишното девојче по име Попа Алесија-Марија исчезна во средата (03.01.2024) од семејниот дом во регионот Обрежица во Романија.

Како што јавија локалните медиуми, полицијата од трагала по тинејџерка која доброволно излегла од дома во периодот од четири до седум часот наутро, а се уште не се вратила.

Девојката е висока околу 160 сантиметри, тежи 40 килограми, има сини очи и долга кафена коса.

Во моментот на нејзиното исчезнување носела црни панталони, хулахопки, розов дуксер и сини влечки.

Се молат граѓаните на оваа земја секоја информација во врска со малолетничката да ја пријават во полицијата во Романија или на телефонскиот број: 0237-207-005.

девојчеполицијаРоманија