Поп иконата Бритни Спирс се огласи откако папараците ја фотографираа ноќта меѓу 1 и 2 мај надвор од луксузен хотел, во ужасна состојба, целосно гола, покриена со јорган.
Имено, како што тврди изворот за „ТМЗ“, таа предизвикала скандал во хотелот, откако во собата по забавата во апартманот што го резервирале, имала физичка пресметка со своето момче Пол Солиз.
Токму таа ноќ се направени ужасните папрацо фотографии на Бритни, која стои пред хотелот со обезбедување и персонал за итна помош, целосно гола, со јорган над неа и цело време држејќи перница.
Таа сега првпат проговори преку социјалните мрежи, тврдејќи дека веста за нејзината состојба е лажна и дека болничарите „нелегално“ влегле во нејзината соба.
– Само да знаат луѓето, веста е лажна! – започна Брити и додаде:
– Би сакала почит во овој момент, луѓето да сфатат дека секој ден станувам посилна!!! Вистината е сон, па може ли некој да ме научи како да лажам??? Божици таму, ја достигнувам мојата повисока моќ и уште повеќе, се надевам дека сте и вие!!! Сега ми треба нова четка за заби, напиша таа и продолжи на свој начин:
– ПС … ми треба еспресо. ПСС…Не сум сигурна зошто чувствувам потреба да го споделам ова…’
Таа потоа ја заврши својата изјава обидувајќи се да објасни зошто се чувствувала принудена да објасни што се случило, па најавила дека се сели.
– Претпоставувам дека сум само девојка и имам менструација, па сум к*рва… с***!!! Синоќа го шинав и зглобот, а на вратата нелегално се појавија болничари. Никогаш не влегоа во мојата соба, но се чувствував целосно вознемирена. „Се селам во Бостон“, заврши таа, малку чудна изјава.