Целосно женска екипа во ракетата на Џеф Безос денеска оди во вселената, вклучувајќи ја и Кети Пери

Ракетата „Њу Шепард“, произведена од компанијата „Блу Ориџин“ на милијардерот Џеф Безос, денеска ќе биде лансирана во вселената со целосно женска екипаж, вклучувајќи ја и поп-ѕвездата Кети Пери.

Ова е прва експедиција со целосно женски екипаж од советската мисија во 1963 година, а како што се предвидува, ракетата ќе ја премине таканаречената линија Карман или меѓународно признатата височина на која започнува вселената.

Покрај Пери, во ракетата „Њу Шепард“ се и водителката Гејл Кинг, новинарката и партнерка на Џеф Безос Лорен Санчез, ракетниот научник Ајша Боу, активистката за граѓански права Аманда Нгуен и филмската продуцентка Кериен Флин.

Станува збор за автоматизирана ракета за која не е потребен пилот, па сите жени се всушност патници и нема да имаат контрола над летот.

„Њу Шепард“ ќе полета од западен Тексас во 15:30 часот по средноевропско време, а мисијата ќе трае околу 11 минути.