Цел живот погрешно ги вариме јајцата, ова е ЕДИНСТВЕН ПРАВИЛЕН НАЧИН за тие секогаш да бидат совршено подготвени и да се ЛУПАТ без мака!

Варените јајца се редовен гостин во нашите оброци, и се речиси најчест избор за појадок, во комбинација со салата и млечни или месни производи. Тие се одличен извор на протеини, а воедно го заштедуваат и домашниот буџет, со оглед на тоа дека е една од најевтините намирници.

Готвењето јајца секако не е напредна математика, а се чини дека и мало дете може да ги подготви, но сите сме сведоци колку пати или ги преваруваме или ги вадиме од шпорет пред време, па мака мачиме со лупење.

Но, сега тој „проблем“ е решен – професионалните готвачи советуваат како да се готви совршено јајце, а велат дека клучот меѓу другото е солената вода.

Колку долго да се готват јајцата?

Исто така, важно е да се запамети разликата помеѓу меко варени и тврдо варени јајца – ако сакате меко варено јајце, ставете го во топла вода, додека тврдо варено јајце се става во ладна вода.

„Запомнете, јајцата се порозни, потребно е да ги ставите во солена вода, доколку сакате меко варени јајца ставете ги во топла, но не зовриена вода, а потоа варете ги од моментот на вриење точно четири минути и 30 секунди .

Доколку, пак, сакате тврдо варени јајца, тие треба да се варат точно осум минути од моментот кога водата ќе зоврие , а потоа пожелно е веднаш да ги потопите во ладна вода, што го олеснува отстранувањето на лушпата.

Има уште еден трик – секогаш варете јајца на најмала рингла.