Многу луѓе наутро ставаат дезодоранс на кожата за да ја заштитат од потење во текот на денот, но дерматолог вели дека ова е грешка.
„Антиперспирант треба да се нанесува на кожата навечер, пред спиење. Со тоа му давате на антиперспирантот потребното време да се активира“, вели познатиот дерматологот Луси Фадул.
„Кога спиете, потните жлезди се помалку активни и телото одмара. Ова се идеални услови дезодорансот да си ја заврши работата“, вели дерматологот.
Пред да нанесете дезодоранс, важно е кожата под пазувите да биде чиста и сува.
Дополнително, д-р. Луси Фадул предупредува дека користењето на дезодоранси и антиперспиранти во исто време ги спречува овие производи ефикасно да го намалат потењето и мирисот.
„На антиперспирантот му треба време да се активира на кожата без влијание на влага, пот, сапун или остатоци од дезодоранси“, објаснува д-р. Луси Фадул и додава дека тоа најдобро се нанесува навечер, после туширање: „Оставете го антиперспирантот да се активира и да се исуши околу два до три часа, пред да нанесете дезодоранс“.