Џоел Ембиид дефинитивно ја заслужи титулата „флопинг крал“ или „доктор за симулација“, но на мечот против Мемфис успеа да ги помести границите и да ги шокира сите. Имено, Камерунецот кој на претходните Олимписки игри настапуваше за Соединетите Американски Држави се обиде да изнуди фаул при изведување на слободно фрлање!
Да, добро прочитавте, а еве видео кое докажува сè!
Впрочем, Ембиид стана предмет на потсмев на Интернет, а вие проценете дали ова е вистинскиот МВП на НБА или таа титула минатата сезона требаше да ја добие некој друг…