Сите социјални мрежи се „запалени“ поради ова уникатно чоколадо кое може да се купи само во Дубаи. Меѓутоа, луѓето го добија и почнаа да го прават дома, а вкусот е бесценет.
Целиот свет полуде по чоколадо , кое се чини дека се разликува од сите што сте ги пробале досега. Крцкав и исполнет со намаз од ф’стаци и кадаиф, сите полудеа.
Она што е интересно е дека ова совршенство на вкус може да се купи само во Дубаи, па многумина се обиделе да го копираат рецептот во својата кујна .
Тие се сметаат за „луксузни“ чоколади и многу брзо се распродаваат.
Подготвувањето на оваа чоколада не е комплицирано и не ви е потребна фенси опрема за да ја направите, но треба да работите со најдобрите состојки за да го добиете токму тој вкус.
@elektraps Making the viral Fix Chocolate bar “Can’t get Knafeh of it” 🤤 #fixdessertchocolatier #fixchocolatier #dubai #dubaidessert #dubaichocolate #viral #viraltiktok #recipe #easyrecipe #pistachio #chocolate #pistachiochocolate #asmr #asmrsounds #foryourpage #greece #greecetiktok ♬ πρωτότυπος ήχος – elektraps
Рецепт за вирално чоколадо:
200 грама бело чоколадо,
400 грама темно чоколадо,
160 грама намаз од ф’стаци,
90 грама кадаиф тестенини,
2 лажици путер
калап за чоколадо.
@cafecouffee Tried to recreate the viral pistacio fix chocolate bar 🍫 Ingredients: 200g white chocolate, 160g pistachio spread, 90g shredded phyllo dough/ Kadayif, 2tbsp ghee, 400g of 42% dark chocolate #fixchocolate #dubaichocolate #easyrecipes #learnontiktok #cafecouffee ♬ original sound – Cafe Couffee ☕️🇵🇸
Подготовка:
Прво растопете ја белата чоколада и на неа додадете го намазот од ф’стаци. После тоа, кадаифните тестенини исечкајте ги на ситни парчиња и пропржете ги на путер, колку да се заруменат. Кога ќе видите дека тестенините се готови, измешајте ги со веќе направениот намаз од ф’стаци и бело чоколадо.
Растопете го темното чоколадо и потоа ставете еден дел во калапот малку да се излади. Кога е готово, премачкајте го намазот по целата површина на чоколадото, а потоа намачкајте го делот од темното чоколадо што сте го одвоиле за да не се гледа филот. Оставете го во фрижидер неколку часа додека не се излади целосно, а потоа пробајте го и споделете ја вашата вирална чоколадна лента со пријателите и семејството. Пријатно!