Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните три недели минатата недела.
Инвеститорите се склони кон ризик бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки, а економскиот раст забавува, што може да ја ослаби побарувачката за нафта.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 7,8 отсто, на 79,94 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 7,9 отсто, на 73,39 долари.
Цените паднаа втора недела по ред главно поради загриженоста на трговците за забавување на растот во западните економии, бидејќи централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки за да ја ограничат инфлацијата.
Минатата недела, американската ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, на највисоко ниво од 2007 година, додека британската и европската централна банка ја зголемија цената на парите за по 0,50 процентни поени.
Во јануари бројот на вработени се зголемил за 517.000, додека аналитичарите очекувале само околу 187.000. Стапката на невработеност, пак, падна на 3,4 отсто, додека се очекуваше да порасне на 3,6 отсто.
Тие податоци покажуваат дека инфлацијата може да остане покачена некое време, што значи дека ФЕД или ќе ги зголеми каматните стапки на повисоки нивоа отколку што претходно се мислеше или ќе ги задржи на покачени нивоа подолго од очекуваното.
Затоа, во петокот, кога беше објавен извештајот, цената на нафтата нагло падна.