Европските и американските берзански индекси денеска се главно во пад, како и цените на нафтата и златото.
Во 9:30 часот индексот DAX на Франкфуртската берза падна на 19.910,18 поени, британскиот FTSE 100 на 8.123,25 поени, францускиот CAC 40 на 7.327,70 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.845 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 42.992,21 поени, индексот S&P 500 на 5.970,84 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.722,03 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 70.539 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 73.722 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 48,935 евра за мегават-час, што е највисока вредност за последните неколку недели.
Цената на златото падна на 2.616,05 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,4895 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04288, што е приближно исто како и во петокот.