Цените на гасот во Европа ќе се нормализираат дури во 2025 година

Побарувачката за гас во Европската Унија (ЕУ) е намалена за 10 отсто во 2022 година. Во извештајот на агенцијата „Фич“ се наведува дека се очекува да продолжи падот на побарувачката и оваа година, и дека ќе достигне 15 отсто.

Цените на природниот гас во Европа треба да се нормализираат дури во 2025 година со употреба на течен природен гас (LNG) и со зајакнување на заедничката инфраструктура.

Според извештајот на агенцијата „Фич“ под наслов: „Најголемата криза за гас во Европа заврши“, обезбедувањето течен природен гас и зајакнувањето на инфраструктурата се истакнуваат како клучни фактори за долгорочното снабдување на Европа со гас.

Зголемената понуда на течен природен гас во Европа, благите временски услови и чекорите за намалување на побарувачката го спречија најлошото сценарио во текот на енергетската криза.

Побарувачката за гас во Европската Унија (ЕУ) е намалена за 10 отсто во 2022 година.

Во извештајот на Агенцијата „Фич“ се наведува дека се очекува да продолжи падот на побарувачката и оваа година, и дека ќе достигне 15 отсто.

Исто така, се очекува дека течниот природен гас, кој е главниот алтернативен извор во намалувањето на зависноста од рускиот гас во енергетската криза, и понатаму да ја задржи својата важност во Европа.

TRT Balkan