Таа кобна ноќ Гавриќ му се јавил на Николиќ и само му рекол: „Си заминувам“ и ја спуштил слушалката. Неговиот телефон повеќе не бил достапен.
Во тој момент Гавриќ се доближи до штандот на Аркан. Застана зад него и пукаше. Тој испукал три куршуми во главата на Аркан. Во Манда испукал три куршуми, два во главата и еден во грбот. Испукал два куршуми кон Гариќ… На подот од салата во „Интерконтинентал“ паѓале, чаши, предмети и шишиња, гостите лежеле на подот. Одекнаа истрели, мирисот на барут беше во воздухот… Аркан беше во локви крв во сепарето.
Пукањето го слушнале Цеца и Лидија, како и телохранителот на Аркан, Матеовиќ, кој во тој момент ја чувал Цеца. Подоцна пред судот изјави дека видел како Гавриќ пука во Мадиќ. Истрчаа во фоајето…
Гавриќ потоа се упати кон излезот, но упати уште два истрели. Еден куршум погодил гостинка во хотелот, Љиљана Албијаниќ, која била на приватна прослава. И Матеовиќ отворил оган од далечина од околу 30 метри и пукал кон Гавриќ… На неколку метри од излезот Гавриќ паднал, добил еден истрел во панцирот, но продолжил понатаму. Успеа да се извлече од „Интерконтинентал“. Гаги го ставил во автомобилот и го избркале. Очевидец на крвавиот масакр изјави дека го видел убиецот како бега од хотелот.
-Кога пукањето стивна, видов едно лице, мислам дека беше убиецот, како лази кон излезот. Надвор го чекаше автомобил… Го видов како остава зад себе трага од крв – рекол тој. Тоа се совпаѓа со приказната што подоцна ја раскажаа други сведоци.
Аркан и неговите пријатели останале да лежат во локви крв. Поранешниот претседател на Фудбалскиот клуб „Обилиќ“, претседател на Српската партија за единство и еден од најбогатите Југословени, бил погоден со три истрели во главата. Во болница бил донесен клинички мртов. Телефоните „експлодираа“. Новинари, политичари, полицајци, граѓани… сите разменуваа информации и озборувања за убиството. Си-Ен-Ен, СКАЈ, Би-Би-Си и други светски новински афенции ја прекинаа програмата за да известуваат за ликвидацијата на Аркан.
Зградата на Ургентниот центар, како и хотелот „Интерконтинентал“ биле поплавени од пријателите на Аркан. Полицијата ги блокираше сите влезови во хотелот, истрагата траеше со часови. Сите се надеваа дека Аркан ќе преживее. Кога беше објавено дека Аркан починал, се слушна плач и бесно лелекање…
Нешто по 19 часот, неговата сопруга Цеца Ражнатовиќ во инвалидска количка била изнесена од болница. Очигледно беше дека му давале седативи. Нејзината облека беше облеана во крв. Првата информација за убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан ја објави британски „Скај“. Потоа истата вест под ознаката „итно“ ја објавија Франс прес, Асошиејтед прес, Ројтерс… До 19 часот цел свет знаеше за убиството на Аркан.