Поранешните ѕвезди на „Гранд“, пејачот Петар Митиќ и неговата сопруга, пејачката Ивана Павковиќ, им го организираа првиот роденден на близнаците Војин и Вук.
На списокот на гости беше целата стара гарда на „Гранд“, меѓу кои и пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која дојде во друштво на нејзината сестра Лидија Оцокољиќ.
Придружбата на фолк дивата ги засени сите со нејзината комбинација на облека. Лидија се одлучи за крем блуза, која ја искомбинира со тесно здолниште.
Цеца и во малку поопуштено издание ги остави без зборови сите присутни во бела светкава маичка која ги истакна нејзините бујни гради.