Цеца во Дедиње го слави Свети Никола: Еве кој сè стигна, цел џет – сет на едно место (фото)

Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска со традиционални обичаи и во друштво на најблиските пријатели и семејството го слави семејниот празник Свети Никола.

Како и секоја година, семејството Ражнатовиќ денот го поминува во помирна атмосфера, а гостите им пристигнуваат навечер.

Првиот гостин на прославата на Цеца е нејзината и фризерката на Анастасија, Стеван Радивојевиќ, а веднаш по него во придружба на сопругата пристигна долгогодишниот пријател на Цеца Драган Марковиќ Палма со голем букет цвеќе.

Веднаш потоа се појави и лидерот на СПС Ивица Дачиќ, повеќедецениски пријател на семејството Ражнатовиќ.

Данијела и Богдан Родиќ се појавија пред насобраните претставници на седмата сила носејќи огромен подарок за Ражнатовиќ.