Цеца во проблеми! Ѝ требаат два милиони! Еве за што ѝ треба толкава сума пари: Ја фати голема криза (фото)

Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време закажува сè повеќе концерти низ регионот и често е специјална гостинка на приватни прослави бидејќи сака да сними албум и повторно да одржи концерт на Ушќе, а за тоа и’ се потребни два милиони евра.

Нејзините обожаватели постојано и’ испраќаат пораки дека сакаат албум и концерт, а кога Светлана повторно пресметала колку пари и’ требаат за сето тоа, сфатила дека мора повеќе да се занимава на терен за да им го даде истото на своите верни фанови – квалитетоѕ со кој ги освои од почетокот на нејзината кариера која трае повеќе од три децении.

Последниот албум го издаде во 2016 година, а вториот концерт на Ушќе го имаше пред 130.000 луѓе во 2013 година, а потоа пејачката објави неколку синглови, но не настапуваше често. Последна песна што ја објави е песната „За крај“, која ја сними за потребите на филмот посветен на Џеј Рамадановски „Недела“ и преработка на нејзината стара песна „Не сметај на мене“, која ја сними во 1994 година со Мира Шкориќ, во нов аранжман со колешката Маја Беровиќ.

Како што вели извор за српските медиуми, Цеца планирала оваа година да издаде албум и да закаже концерт на Ушќе, но покрај тоа што не и’ се допаднале песните што ги добила од композиторот, Ражнатовиќ повторно се пресметала и сфатила дека и’ треба сериозна сума за да го направи она што го сака. Затоа почна да резервира настапи за помал хонорар од вообичаено за да го заработи она што и’ треба за овие два големи и важни проекти во кариерата.

Да потсетиме, иако Светлана на почетокот на годината изјави дека ќе има концерт и нови песни, таа неодамна во едно интервју изјави дека концертот дефинитивно нема да се случи годинава.

– Не, овој јуни не може. Немам албум, но, навистина работам на тоа. А кога минатата година некаде есента разговаравме за состаноци на Ушќе во јуни, за малку не ме убедија да го организирам Ушќе без албум – рече Цеца.