Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ е позната како личност која нема влакна на јазикот, а особено е строга кога нешто и’ пречи.
Неодамна фолк дивата имаше настап во странство, поточно во Штутгарт, кога реши да реагира поради потег на гостин.
Познато е дека на пејачката и’ пречи чадот, а не сака да има специјални ефекти ниту на нејзините настапи.
А пред неколку дена се изнервира бидејќи на гостите во дискотеката заедно со прскалки им носеле шампањ.
Таа дури накратко го прекина настапот и ги потсети дека можат да уживаат без сите други да знаат што прават.
– Пијте шампањ, но без да ги запалете овие прскалки. Тоа ме гуши. Можете да пиете шампањ без да ги запалитете, ве молам – рече Цеца и доби овации, а потоа продолжи со настапот.