Цеца на снимањето на ,,Ѕвездите на Гранд” дојде со нов автомобил за кој плати 120.000 евра: Затемнети стакла, луксуз и удобност (фото)

Денеска, 28 април, продолжи снимањето на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ која е една од главните членови на жирито, се појави во нова, бесна машина.

Да потсетиме, музичката дива неодамна се почести со брутална машина. Станува збор за црно комбе, кое го купила за себе и за својот тим кој ја придружува на секој концерт и настап.

Луксузното комбе е mybach од V класа и обезбедува доволно простор и удобност што и е потребно на пејачката повеќе отколку кога патува на понатамошни дестинации со членовите на нејзиниот бенд.

Како што е наведено, цената на оваа машина е околу 120.000 евра, но за Цеца тоа не и’ било проблем, бидејќи сакала да го обезбеди само најдоброто за својот тим.

Инаку, Цеца Ражнатовиќ неодамна го промени имиџот. Долго ја носеше косата кратка, а потоа изненади многумина кога ја промени бојата во потопла кафена, како и должината на косата.

Балканската ѕвезда за време на денешното снимање блесна во елегантна комбинација. Таа носеше сиви панталони и светло сина кошула со светкави детали, додека во рацете носеше скапа чанта Шанел.

На лицето носеше очила за сонце, а како додаток имаше и часовник од познат луксузен бренд.