Балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ отвори профил на Тикток каде што сега е активна.
Детали од приватниот живот почна да споделува со своите следбеници, а пред неколку дена покажа како се истегнува додека чека ред на граница, а тоа беше прилично долго.
-Не можеме да одиме напред или назад. Се наведнуваш, 20-30 повторувања додека не се исправиш. Без чучњеви. Мислам, можам, но имам платформа, не е стабилна и имам публика овде. И секако, најмалку 20 серии на фотографии – низ смеа изјави Цеца, па продолжи со нова снимка.
На видеото Цеца спие дреме во автомобилот додека во позадина свири нејзиниот хит „Мушкарчина“ кој неодамна го сними со Војаж.
-Како мирно спијам додека мојот хит не излгува од „тренд“ – напиша Цеца и додаде:
-Песна што се слуша само на реприза! Друг пат нема – изјави Ражнатовиќ во видеото кое можете да го погледнете подолу.
@cecaraznatovicoff Pesma koja se sluša samo na repeat! Drugačije ne može! 🤷🏽♀️😎 #ceca #cecaraznatovic #fyp #viral #balkan #muskarcina #voyage ♬ original sound – CECA