Богдан и Вејко Ражнатовиќ по третпат станаа родители. Снаата на Светлана Цеца Ражнатовиќ штотуку се породи и роди здраво момче, на кое мама и тато му го дадоа името Исаија.
На бебето најмногу се израдуваа браќата Жељко и Крстан. Утринава нивниот татко ја донел сопругата во приватна болница каде бил извршен царски рез и сè поминало во најдобар ред. Гордиот тато цело време бил покрај сопругата во здравствената установа и се грижел сè да помине во најдобар ред.
Честитки за новото доаѓање пристигнуваат од сите страни, а меѓу првите се огласи тетката Анастасија Гудељ. И гордата баба на три деца, Цеца, е воодушевена од проширувањето на своето семејство.
Вељко не ја симна насмевката од лицето, а синовите едвај чекаат брат им да си дојде дома. Нивното семејство сега е комплетирано, иако спортистот сака ушѕе едно девојче.
– Отсекогаш сонував да имам два сина. Ова трето дете е само плус. Се надевам на девојче сега, по моите синови – изјави Вељко за медиумите.