Цеца се почести со уште една бесна машина: Таа потрошила дури 120.000 евра за мега луксузно комбе (фото)

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ не штеди пари за автомобили, што сега уште еднаш го докажа.

Имено, таа купила комбе Mybach од V класа, кое го користи за патување на концерти.  Како што е соопштено, цената на ова комбе е дури 120.000 евра.

Инаку, минатата година кога дојде на снимањето на музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“ сите го забележаа нејзиниот нов автомобил БМВ, најновата серија 7.

Цената на овој автомобил се движи од 175.000 евра до 230.000 евра, во зависност од опциите за перформанси додадени при купувањето. Како што објавија тогаш медиумите, пејачката за својата нова „бембара“ издвоила 180.000 евра, колку што чини убав еднособен стан во нашата престолнина.

Цеца сподели видео од својата вила на Дедиње

Инаку, Цеца на својот ТикТок профил сподели видео од својата вила на Дедиње.

Фризурата на Цеца ја средуваше фризер, а во внатрешноста на вилата се одвиваше интересна динамика.

Додека нејзината сестра Лидија седела на каучот, синот на Цеца, Вељко, скокнал низ прозорецот на терасата.

– Вељко, ако тоа твое животно влезе во куќата, ќе те убијам – рече Цеца и сите се насмеаа, а се гледаше дека кучето на Вељко е во дворот со него.

Фолк дивата беше целосно опуштена, носејќи само пижами со тигарски принт.