ЦЕЦА ЈА КРИЕЛА БОЛЕСТ ОД ЈАВНОСТА СО ГОДИНИ! Нејзиното тело испраќало сигнали дека нешто не е во ред, ова се деталите

Светлана Цеца Ражнатовиќ во една прилика отворено проговори за времето кога имала сериозни проблеми со хормоните, поради што изгледала како да се здебелила десет килограми.

Потоа го послуша своето тело, со лекарски совет и адекватна терапија си го врати здравјето и фигурата и отворено проговори за борбата со болеста.

– Изгледаше дека многу се здебелив. Кога се погрижив за тој здравствен проблем, наеднаш го вратив телото и сите ми рекоа дека сум преполовена. Имам некаков женски хормонален дисбаланс, не е ништо сериозно. Тоа е женска фаза од една година. Сè се случи во текот на 2015 и 2016 година. Моето тело сигнализираше дека нешто не е во ред со мене. Кога ги забележав симптомите, веднаш се консултирав со лекар. Регулирав се и повеќе не отекував. Тој оток ми беше најголемиот проблем. Ги советувам сите штом забележат дека нешто не е во ред со нивното здравје или промена на телото, да одат на лекар. Навистина повеќе не би зборувала на таа тема, на крајот на краиштата, тоа е моја приватност и не сакам се да излезе во јавност – изјавила еднаш Цеца за медиумите.

Од тогаш до денес, здравјето на Светлана Цеца Ражнатовиќ е во најдобар ред, а таа навистина изгледа подобро од кога било досега.

Покрај редовните терапии, таа го промени и начинот на исхрана, почна со редовни тренинзи и сега максимално ужива во своето тело и здравје.