ЦИК: Врз основа на 88 отсто преброени гласови, Ветевендосје освои 41,29 отсто од гласовите

Според последните податоци на приштинската Централна изборна комисија, врз основа на повеќе од 88 отсто преброени гласови, на вчерашните избори за собранието на привремените институции води Ветевендосје со 41,29 отсто од гласовите.

На второ место е Демократската партија на Косово со 21,83 отсто, а на трето е Демократската лига на Косово со 17,74 отсто од гласовите.

На четврто место е Алијансата за иднината на Косово со 7,68 отсто од гласовите.

Според податоците на ЦИК во Приштина, најсилната српска партија во покраината, Српската листа, е на петтото место со 3,96 отсто од гласовите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Српската листа ги добила сите 10 мандати предвидени за Србите во собранието на привремените институции во Приштина.

Според досегашните информации, ниту една партија нема да може самостојно да формира нова влада од привремени институции.

Како што е наведено на сајтот на ЦИК, излезноста на изборите била 40,59 отсто, а право на глас имале околу два милиони граѓани.