Документарниот филм „No Other Land“ што го прикажува уништувањето на палестинската заедница на окупираниот Западен Брег, ја доби наградата за мир Преспа за 2025 година на Институтот „Алексис Ципрас“, а Палестинецот Басел Адра и Израелецот Јувал Абрахам наградата ја примија од Алексис Ципрас и Зоран Заев на маргините на Втората меѓународна конференција посветена на демократијата и социјалната правда.
Доделувањето на наградата во преполната сала беше проследено со овации и аплаузи упатени и за поранешните премиери на двете зеји и за двајцата режисери.