Грчкиот тенисер Стефанос Циципас смета дека Завршниот Мастерс е поголем турнир од Грен слем.
Оваа година програмата е од 12 до 19 ноември во Торино.
Во оваа ревија учествуваат најдобрите осум играчи, а Циципас е сместен во третиот шешир заедно со Андреј Рубљов.
„Мислам дека тоа е веројатно поголема работа од Слем, искрено. Има многу престиж и е многу вредно ако успеете да го освоите“, рече Циципас .
Циципас претходно во сезоната изјави дека првото место на АТП листата е исто така поважно од Грен слем.
За Гркот ова ќе биде петти настап по ред на АТП финалето, а го освои на своето деби во 2019 година.
Инаку, најголем успех на Грен слем му се финалињата на Ролан Гарос и Австралија опен, а двата пати загуби од Новак Ѓоковиќ во финалето.
Покрај споменатите играчи во Торино ќе настапат и Алкарас, Медведев, Синер, Зверев и Руне.