Раководството на белградскиот кошаркарски гигант Црвена ѕвезда вечерва му даде отказ на тренерот Душко Ивановиќ.
Прекинот на разделбата со црногорскиот кошаркарски стручњак доаѓа по серијата слаби резултати на „црвено-белите“ во Евролигата.
Ивановиќ дојде во Ѕвезда во ноември 2022 година. Мината сезона не успеа да избори плејоф во Евролигата по половичниот ефект (17-17 победи-порази).
Во тековната евролигашка сезона, белградските „црвено-бели“ забележаа победа над Асвел на стартот, а потоа следеа три порази (Жалгирис, Монако и Виртус Болоња).
Во српските медиуми како најсериозен кандидат за наследник на Ивановиќ на тренерското место се спомнува Гркот Јанис Сферопулос.