Црвениот крст во Израел потврди дека се ослободени 24 заложници, јави Би-би-си.
„Со олеснување го потврдуваме безбедното ослободување на 24-те заложници. Ова ослободување го овозможивме со нивно транспортирање од Газа до границата Рафа, потврдувајќи го вистинското влијание на нашата улога како неутрален посредник меѓу страните“, се вели во објавата на социјалната мрежа Х.
Заложниците беа придружувани од Газа од осум членови на израелскиот Црвен крст и еден лекар.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед ал-Ансари, објави дека Израел ослободил 39 Палестинки и малолетници од затвор, објави „Тајмс оф Израел“.