Црвените Ѓаволи блеснаа пред доаѓањето на Аморим: Ипсвич го шокираше Тотенхем, Њукасл го запре Нотингем!

Фудбалерите на Ипсвич победија на гостински терен во Лондон Тотенхем со 2:1, во 11. коло од Премиер лигата.

Сами Смодикс го доведе Ипсвич во водство со гол во 31. минута, а водството го зголеми Лиам Делап со гол во 43. минута.

Конечниот резултат го постави играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентакур со гол во 69. минута.

Голот кој го постигна напаѓачот на Тотенхем, Доминик Соланке во 49. минута беше поништен поради играње со рака.

Ипвич е на 17. место со осум бодови, додека Тотенхем е на 10. место со 16 бодови.

Во следното коло Ипсвич го пречекува Манчестер Јунајтед, додека Тотенхем на гостински терен ќе гостува кај Манчестер Сити.

Манчестер Јунајтед на домашен терен го победи Лестер со 2:0 .

Предноста на Јунајтед ја донесе Бруно Фернандеш со гол во 17. минута, а во 38. минута со автогол зголеми дефанзивецот на Лестер, Виктор Кристијансен.

Конечниот резултат го постави Алехандро Гарначо со гол во 82. минута.

Манчестер Јунајтед е на 13. место со 15 бодови, додека Лестер е на 15. позиција со 10 бодови.

Во следното коло Манчестер Јунајтед гостува кај Ипсвич, додека Лестер ќе го пречека Челзи.

Њукасл на гостински терен го победи Нотингем Форест со 3:1.