ЦРВЕН АЛАРМ ВО ГРЦИЈА – Новиот вид на вирусот Ковид-19 беснее на омилената дестинација на Македонските туристи: “Одморите предизвикаа вистински хаос!“

Новата мутација на вирусот Ковид-19 ги загрижи експертите, со оглед на тоа што на северната хемисфера се наближуваат есен и зима и започнува сезоната на респираторни инфекции.

Во најмалку 45 земји е потврдена новата мутација на варијантата Омикрони наречена Ерис, а една од тие земји е и Грција, која бележи зголемување на бројот на пациенти и хоспитализирани. Како што пишуваат грчките медиуми, се очекува поради празниците да се зголеми бројот на заразени и хоспитализирани во болниците, а експертите тоа го припишуваат токму на мутацијата Ерис.

Грчките здравствени власти изразија загриженост поради брзото ширење на Ерис, која Светската здравствена организација (СЗО) ја класифицира како – „варијанта од епидемиолошки интерес“.

Новата варијанта или мутација на вирусот Ковид-19 во моментов е најраспространета на Крит со 41 потврден случај помеѓу 31. мај и 27. јули. Ерис е откриен во дури 69 проценти од новите случаи на Крит, каде веќе е упатен апел за навремено препишување на антивирусни лекови.

Новото избивање на епидемијата веројатно е поврзано со фактот што заедницата се оддалечи од програмата за вакцинација против вирусот Ковид-19, а хронично болните и постарите лица треба да бидат особено внимателни и по можност да се вратат на секојдневна употреба на маски и почитување на растојанието“, предупредуваат експертите.

Се проценува дека празнувањето на „Успение на Пресвета Богородица“ и опуштањето за време на празниците ќе влијае на случаите на вирусот Ковид-19 во наредните денови. Се очекува зголемувањето на бројот на инфекции со Ковид-19 и примени во болница да продолжи, а експертите тоа го припишуваат на мутацијата Ерис.

Вниманието е насочено кон постарите и ранливите групи од населението кои најверојатно ќе бидат поканети да примат бустер доза од вакцината наесен. Експертите укажуваат дека антивирусни лекови се сојузник во избегнувањето на тешка инфекција и мора да се земаат на почетокот на болеста пред да се влошат симптомите.

Според професорот по хигиена и епидемиологија на Грчката академија на науки, Гикас Мајоркинис, процентот на подваријантата Ерис покажува нагорен тренд во Европа и се чини дека доминира.

Веќе ја поминавме бројката од 50 земји каде е откриена новата варијанта и од деталната анализа направена во Велика Британија се покажа дека таа е одговорна за зголемувањето на случаите и хоспитализирањата. Слична е ситуацијата и во САД“, вели експертот, додавајќи дека и во Грција најверојатно нова подваријанта е одговорна за појавата на случаи во последните недели.

Соседните медиуми пишуваат дека во најновиот извештај EODI на Националната здравствена служба на Грција се наведува дека Ерис (EG.5.1) учествува со 11 проценти од случаите. Се проценува дека вкупниот процент е поголем и не е покриен со геномски проверки. Она што е сигурно е дека најголем дел од досега идентификуваните случаи на подваријантата потекнуваат од областа на Крит.

Појавата на Ерис служи како потсетник дека САРС-КоВ2 заедно со неговите мутации и подваријанти се уште е причина за загриженост“, вели претседателката на Здружението на болнички доктори од Атина и Пиреја, Матина Пагони.

Во моментов нема докази кои укажуваат на тоа дека Ерис предизвикува потешка болест бидејќи симптомите се пријавени како благи, а ширењето на варијантата останува под контрола, без да се преоптоварува здравствениот систем.

Научната заедница, сепак, е особено загрижена за потенцијалот Ерис дополнително да се шири во текот на претстојната есенска сезона, кога луѓето се враќаат на работа, училиштата се отвораат и луѓето почнуваат да поминуваат повеќе време во затворени простории поради посвежото време.

ГрцијаЕвропаКовид-19