Гласачките места во Црна Гора се затворени во 20 часот. Во вториот круг од претседателските избори, граѓаните избираа меѓу актуелниот претседател и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ (61) и кандидатот на „Движењето на Европа Сад“ (ПЕС) Јаков Милатовиќ (37).
- Во првиот изборен круг Ѓукановиќ освоил 119.673 гласови (35,37 отсто), а Јаков Милатовиќ 97.858 гласови (28,92 отсто).
- Излезноста во првиот круг беше 64,06 отсто.
- Право на глас имаа 542.154 граѓани.
- Мандатот на претседателот е пет години.
- За црногорски претседател ќе биде избран кандидатот кој добил најмногу гласови од гласачите.
РЕЗУЛТАТИ ОД МИНУТА ВО МИНУТА:
21,15 ЦеМи на 94 проценти од примерокот: Милатовиќ 60,1; Ѓукановиќ 39,9 отсто од гласовите
21,12 ЦДТ на 95,2 отсто од примерокот: Милатовиќ 58,6, Ѓукановиќ 41,4 отсто од гласовите
21.05 Доаѓаат првите честитки
Владислав Дајковиќ: Мило загуби, Црна Гора е слободна!
Изборниот штаб на ПЕС соопшти дека врз основа на 41 отсто од гласачкото тело, Милатовиќ има околу 62, додека Ѓукановиќ околу 38 отсто, што е недостижно.
– Почитувани граѓани на Црна Гора. врз основа на 41 отсто од обработеното избирачко тело, Милатовиќ има околу 62 отсто, а Ѓукановиќ околу 38 отсто. Проекциите покажуваат убедлива победа во Пљевље, Беране, Мојковиќ, Жабљак, Шлужине. Во Подговица Јаков Милатовиќ ќе има двојно повеќе гласови, а во бројки над 40.000 гласови повеќе. Во Никшиќ 10.000 повеќе, во Даниловград над 70 проценти од гласовите – соопштија од изборниот штаб на Милатовиќ.