– Официјални претставници на Вишиот суд во Подгорица, Црна Гора, пред неколку дена открија дека е ископан тунел под зградата на Високиот суд до депото.
Во депото на Вишиот суд се чува доказен материјал, меѓу другото и поголема количина дрога. Претседателот на Вишиот суд Борис Савиќ денеска потврди дека е откриен подземен тунел. Тој посочи дека од доказниот материјал од депото не недостасува речиси ништо.
„На добро скриено место е пронајден отвор на тунел, кој е копан подолг временски период“, рече Савиќ на прес-конференцијата.
Тој додаде дека истрагата е завршена и дека не знаат што можело да се случи доколку тој отвор не бил забележан.
„Најважно ни е што затворивме нешто што претставуваше опасност“, истакна Савиќ.
Тој истакна дека е извршен попис и било констатирано дека речиси ништо не недостасува. „По прегледот на предметите“, додаде дека е констатирано дека предметите се испревртени.
„Тунелот е откриен точно под земја, а истрагата ќе утврди која алатка е користена. Неверојатен е начинот на копање на тунелот“, изјави Савиќ.
Тој нагласи дека веќе подолго време укажуваат на проблемот со безбедноста.
„Не гледаме причина зошто доказите сѐ уште се чуваат во депото. Меѓутоа, сѐ уште не е најдено решение за тоа“, рече Савиќ.