ЦРНА ГОРА: Се појави драматична снимка од авион кој паѓа во реката Лим

Според извор од Основното државно обвинителство во Плав, во авионот имало две лица

На социјалните мрежи се појави видео од авионската несреќа, која пред седум дена се урна во Лим, недалеку од Плав.

Авионот требаше да учествува на Меѓународната хидрорегата во Беране, објавија тогаш медиумите.

Драматичното видео е снимено од луѓе кои го гледаат авионот, а на него се гледа како авионот се превртува и паѓа на земја.

Според извор од Основното државно обвинителство во Плав, во авионот имало две лица кои пред падот скокнале од авионот и се симнале со падобрани.

Станува збор за странски државјани, кои не се повредени, а превентивно биле прегледани во болницата во Беране.