Здравствените власти во Појасот Газа под контрола на Хамас го објави последниот број на загинати, меѓу кои и деца, во воената зона на Појасот Газа.
Властите објавија дека најмалку 10.328 луѓе, меѓу кои 4.237 деца, биле убиени во израелските напади врз Појасот Газа, пренесува медиумската агенција Reuters.
Да потсетиме, по нападот на Хамас врз Израел на 7. октомври, Тел Авив започна голема офанзива на територијата на Појасот Газа, која предизвика огромна хуманитарна катастрофа, а дел од светот остро ја осуди одмаздичката операција.