Фудбалерите на Челзи синоќа на гости го победија Фулам со резултат од 2:0, во натпреварот од седмото коло од Премиер Лигата.
Головите за Челзи ги постигнаа Михајло Мудрик во 18. минута и Армандо Борха во 19. минута.
Она што особено ги радува навивачите на лондонскиот гигант е фактот дека играта на Челзи е на нагорна патека, па се чини дека лошиот период е минато за клубот на Маурисио Покетино.
Челзи сака што побрзо да го заборави последниот месец, со оглед на тоа што во текот на целиот септември освои само еден бод, од три натпревари, а на вчерашниот натпревар постигнаа два гола за 82. секунди!
Така Челзи вчера ја прекина црната серија, а дали избраниците на Маурисио Покетино ќе продолжат во овој ритам останува да видиме.
Во следното коло Челзи гостува кај Барнли, додека Фулам го пречекува Шефилд Јунајтед.