На натпреварот во лежење што се одржа во црногорското етносело Брезна, меѓу Никшиќ и Плужина, утринава е соборен рекорд, јавува Анадолу.
Дури 12 натпреварувачи лежат повеќе од 120 часа со што е соборен досегашниот рекорд на победничката на натпреварот од 2021 година, Дубравка Алексиќ од Подгорица, која лежеше 117 часа. Ова го изјави за АА организаторот на натпреварот и сопственик на етноселото Брезна, Миќо Благојевиќ.
Натпреварот започна во петокот наутро со 21 натпреварувач. Во меѓувреме, деветмина натпреварувачи се откажаа, а 12 се борат за наградата од 1.000 евра.
Правилата им забрануваат на учесниците да стануваат, но дозволено е спиење, читање книги, јадење и пиење. На секои осум часа на натпреварувачите им е дозволено да одат во тоалет.
Ова е натпревар по кој Црна Гора е единствена во Европа, а особено е интересно поради прифатениот стереотип за оваа нација дека е мрзлива.
ТРТ БАЛКАН