ЈП Водовод и канализација вчера работеше на санирање на сериозниот дефект на водоводна цевка Ф600мм на улицата Франце Прешерн 100Д во населбата Влае.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, нема веќе истекување на вода, а поради големата количина на изгубена вода, нормализирањето со притисокот ќе потрае.
Поради сериозниот дефект без вода останаа Ѓорче Петров, Влае, Карпош и други делови од Скопје, а некаде имаше намален притисок на водоснабдувањето.