ЦУК: Планинар е пронајден мртов на планината Шара

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштуваат дека на планината Шара се водеше потрага по исчезната алпинистка која продолжи и денеска, но за жал таа утрово е пронајдена без знаци на живот.

Од тетовската подрачна е пријавено дека на единствениот број за итни случаи 112, вчера во 11:57 часот, била пријавена за исчезната постара планинарка (72 години) на планината Шара во месноста Луботен, по што била организирана потрага која продолжила до утрово кога се раздени.

Во претресот биле вклучени чуварите на НП „Мала Шара“ заедно со нивниот директор, 12 специјалци на МВР, петмина полицајци од СВР ТеарцЕ. НП „Мала Шара“ утрово пријавила дека денеска во 07:30 часот жената била пронајдена во месноста „Ружен камен“, но без знаци на живот. За да се извлече жртвата од тешкиот и непристапен терен, интервенираше и планинарот Надир Мурсели, кој помага во вакви случаи на планината Шара. Екипа од СВР Тетово ќе изврши вештачење на местото на настанот, а известен е и Јавен обвинител“, се наведува во соопштението на ЦУК.