ЦУК: Пожарот кај Василево се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се приближи во непосредна близина на село Сушево, а се шири и кон село Злеово поради што за гаснење се подготвува еден полициски хеликоптер кој ќе полета набргу, информираат од Центарот за управување со кризи.

На терен се екипи на струмичката територијална противпожарна единица.