Јапонските власти формираа кризен штаб за нуклеарните централи по серијата земјотреси што ја погодија префектурата Ишикава.
Досега не е евидентирана вонредна состојба во нуклеарните постројки.
Закана од цунами беше издадена за целиот западен брег на Јапонија од северниот остров Хокаидо до јужниот дел на Кјушу, а голема закана од цунами беше прогласена во областа на префектурата Ишикава по серијата силни земјотреси.
Цунамито е забележано во близина на најголемата нуклеарна централа во светот Кашивазаки-Карива, а висината на бранот била околу половина метар.
Look at this damage in Japan. Terrible way to start 2024😓#japan #earthquake #tsunamipic.twitter.com/Tl4a7YPJCq
— What’s app Status Video 📸 (@Whatsappstates_) January 1, 2024
Серија силни земјотреси се случија во понеделникот попладне по локално време во западна Јапонија. Првите земјотреси со јачина од 5,7 степени се регистрирани во 16 часот и 6 минути по локално време, вториот и најсилен со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала се случи во 16 часот и 10 минути, а осум минути подоцна е забележан земјотрес со јачина од 6,1 степени.
Серија нови земјотреси ја погодија префектурата Ишикава помалку од еден час по првите силни потреси. Земјотреси со јачина од 4,9 и 5,2 степени се регистрирани во 17 часот и 20 минути и 17 часот и 7 минути.
Terrible situation in #Japan.#tsunami alert..#緊急地震速報 pic.twitter.com/GtFTBdMSON
— Mr Sinha (@MrSinha_) January 1, 2024
Силни потреси се почувствувани во Осака, Кјото и Токио. Запрено е движењето на брзите возови. Повеќе од 32.500 домови се без струја по серијата силни земјотреси што ја погодија јапонската префектура Ишикава.
ЕВАКУАЦИЈА ВО РУСИЈА
Прогласена е и закана од цунами на Сахалин.
Major Tsunami Warning – 1/1, 4:22pm
— NERV (@EN_NERV) January 1, 2024
The Tsunami Warning has been upgraded to a Major Tsunami Warning. Waves of up to 5m are expected. Those near coastal areas, rivers, or lakes should evacuate to higher ground immediately. #tsunami pic.twitter.com/gKEUNQapTO
– Делови од западниот брег на Сахалин може да бидат погодени од цунами – соопштија од регионалниот штаб на руското Министерство за вонредни ситуации.
Населението е евакуирано на безбедни места додека бродовите во пристаништата излегуваат на море. Властите ги повикаа жителите на крајбрежниот дел на Татарскиот теснец да се засолнат на височини од најмалку 30-40 метри и да се вратат само кога ќе се укине предупредувањето за цунами.