Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, го прими високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит, јави ТРТ Балкан.
Чавушоглу на социјалните мрежи соопшти дека во Анкара го примил високиот претставик Шмит кој престојува во посета на Република Туркије.
„Продолжуваме да ја поддржуваме стабилноста и целовитоста на Босна и Херцеговина“, наведе Чавушоглу, при што објави и фотографија од средбата.