Кралот Чарлс ги исфрли од куќата на имотот Фрогмор принцот Хари и Меган Маркл , а клучевите му ги понуди на принцот Ендру, пишува „The Sun“.
По оваа одлука, брачната двојка сега прави планови да го префрли својот имот во САД, а под знак прашалник е и нивното присуство на крунисувањето на таткото на Хари во мај.
„Ова е дефинитивно крајот за Хари и Меган во ОК“, изјавил инсајдерски за The Sun.
Според овој медиум, кралот Чарлс го започнал процесот на исфрлање на својот син и снаа од куќата неколку дена по објавувањето на мемоарите на Хари „Спари“.
Бакингемската палата издаде известување за иселување и клучевите официјално му беа понудени на Ендру, војводата од Јорк, кој не се согласува со одлуката.
Инаку, Хари и Меган го добија имотот во Фрогмор на подарок од покојната кралица Елизабета, а сега практично се бездомници во Обединетото Кралство. Се шпекулира дека сите свои работи ќе ги преселат во Монтесито, Калифорнија, каде што живеат.
Хари и Меган нарачаа реновирање на куќата и теренот од 2,4 милиони фунти пред да се преселат во имотот, но таму поминаа само 6 месеци, пред да започнат големите проблеми со остатокот од кралското семејство.