Чајот од оваа билка го штити црниот дроб и здравјето на жените: Се подготвува едноставно, но делува проверено

Зелената билка лишаи (Hieracium pilosella) е составен дел од аптеката на народните билкари уште од античко време. Поради својот изглед и благотворните вредности, во разни делови на Балканот луѓето ја нарекувале златник, глуварче, славејче, јандрашика.

За употреба се користи целото растение (во хербални аптеки ќе го најдете во сушена форма), заедно со коренот. Не расте повеќе од 25 см, има долгнавести лисја и светложолт цвет, кој се појавува од мај до септември. Расте дури и на суво, неплодно земјиште.

Лишаите (Hieracium pilosella) се природен диуретик и се користи за помош при жолтица, болести на црниот дроб , слезината и панкреасот, промени во женските репродуктивни органи, како што се фиброиди , рани на грлото на матката и воспаление.

Подготовка и употреба на чај од лишаи

Половина лажичка (1 g) сечкани билки прелијте ги со 150 ml врела вода, веднаш покријте и процедете по 10 минути.

Во текот на денот пијте две до три шолји свежо подготвен незасладен чај половина час пред оброците . Дневната доза е 2-4 грама сува билка.

По три недели, направете пауза од една недела, а потоа повторете ја постапката.