Новак Ѓоковиќ и овој понеделник стартуваше на врвот на АТП листата.
Таму е Србинот со 11.045 бодови, исто колку што имаше минатата недела, додека второпласираниот Карлос Алкараз моментално е на 8.805 бодови. Младиот Шпанец не успеа да стигне до Ноле на турнирите во Пекинг и Шангај, па Ѓоковиќ ја започна 396-та недела на врвот на АТП листата и сега е многу блиску до испишување историја и магична бројка „400“.
Трет во светот и натаму е Русинот Данил Медведев (7.355), потоа Јаник Синер (5.000), Андреј Рублев (4.765), Холгер Руне (4.440), Стефанос Циципас (4.300), Каспер Руд (3.705), Александар Ѕѕверев (3.460). и Тејлор Фриц (3.410).
Следен предизвик на Новак Ѓоковиќ ќе биде Мастерсот во Париз, кој на програмата е од 28 октомври до 5 ноември, а на кој српскиот тенисер брани 600 поени откако претходната година беше поразен во финалето од Холгер Руне.