Тркачкиот викенд во Монако не беше особено успешен за возачот на Ред Бул, Серхио Перез. Мексиканецот се квалификуваше само 18-ти во квалификациите, но стартуваше на 16-тото место поради дисквалификацијата на двата болида на Хаас, а во неделата излета неколку секунди по почетокот на трката по судир со Кевин Магнусен. Пред тоа, на „Имола“, Перез жестоко се бореше за 8. место и освои бодови.
Многу аналитичари повторно се запрашаа дали популарниот Чеко е најсоодветен тимски колега за Макс Верстапен следната година, но Ред Бул очигледно е подготвен да го задржи Мексиканецот.
Според анонимни извори од Милтон Кинс, Ред Бул се подготвени да му понудат на Перез 1-годишен договор, иако тој сака договор на две сезони.
Исто така, во Монте Карло стана јасно дека Кристијан Хорнер и доктор Хелмут Марко не го гледаат Јуки Цунода како сериозен кандидат за стартно место во Ред Бул, што го поттикна Јапонецот да каже дека може да го напушти РБ.
Дополнително, се верува дека токму овој викенд Ред Бул го известил и Карлос Саинц дека нема шанси да му стане тимски колега на Макс Верстапен