– Челникот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, утринава изјави дека најдобро е граѓаните кои ја напуштиле земјата од почетокот на руско-украинската војна да се вратат дома, бидејќи таква можност можеби нема да се појави во иднина.
„Туѓата земја нема да стане татковина. Повеќе од половина од руските граѓани кои заминале по февруари 2022 година веќе се вратиле во Русија. Овој процес е во тек“, објави на Телеграм, Володин.
Володин изјави дека можеби некои од оние што ја напуштиле Русија ја сфатиле важноста на местото „каде се семејството, роднините, пријателите и мајчиниот јазик“, велејќи дека некои можеби се вратиле во Русија откако сфатиле дека малку држави можат да обезбедат погодни услови за живеење.
„Некои беа под влијание на русофобната политика на западните држави. Многу од оние што заминаа се соочија со третман од втор ред. Кога тргнале, мислеле дека можат спокојно да седат. Се покажа дека не е така“, изјави Володин.
Володин, исто така, порача дека руските граѓани кои остануваат на Запад „треба да размислат каде отишле, што нашле и што ги чека“.
„Денес постои можност да се вратам. Утре, со хистеријата што се крева во Западна Европа, тоа можеби веќе нема да биде можно“, додаде тој.