Фудбалската репрезентација на Чешка синоќа го доживеа најголемиот срам во својата историја, бидејќи беше поразена со 2-1 од Фарските Острови.Фарските Острови славеа на домашен терен со головите на Соренсен и Агнарсон, додека единствениот стрелец за Чесите беше Карабец.
Со поразот, Чешка ја загуби шансата за освојување на првото место, за кое се бореше со Хрватска, а чешките медиуми жестоко ги критикуваа своите репрезентативци.
По поразот против земја со население од 55.000, водечкиот чешки портал Idnes.cz го нарече поразот „најголемиот срам на чешкиот фудбал од независноста“, додека други употребија термини како „дебакл“ и „историски срам“.
Порталот Sport.cz беше уште поостар, опишувајќи ја играта на чешката репрезентација како „безнадежна и без никаква идеја“.
Тие нагласија дека Чешка загуби од нација полупрофесионалци, исто така посочувајќи дека против Фарските Острови играат момци кои вообичаено работат како рибари и столари.
За ситуацијата да биде уште полоша, Чешка имаше само еден удар кон голот на овој натпревар синоќа.
За Фарските Острови, кои некогаш беа рангирани на 198-то место на ранг-листата на ФИФА, ова беше четврта победа во последните пет квалификациски натпревари, што претставува најуспешен циклус во нивната историја. Тие никогаш претходно не постигнале повеќе од две победи во еден квалификациски натпревар.
Со победата тие влегоа во борбата за плејофот, каде што ќе бараат место пред Чешка, која има бод повеќе пред крајот на колото.