Консумирањето млеко може да го зголеми ризикот од срцев удар кај околу половина од населението, сугерира новото истражување.
Научниците од шведскиот универзитет дошле до заклучок дека консумирањето на 400 милилитри млеко дневно е поврзано со пет отсто поголем ризик од коронарна срцева болест , пренесува Express.co.uk.
Поголемото количество на лактоза во кравјото млеко може да предизвика оштетување на клетките, а со тоа да го забрза процесот на стареење на срцето. Истражувањето било спроведено на повеќе од 100.000 испитаници и било откриено дека млекото најмногу влијае на жените, додека мажите не доживуваат таков ефект при конзумирање на овој напиток.
Меѓутоа, луѓето пијат помалку млеко од загрижувачка количина. Во Велика Британија, просечен човек пие 171 милилитар дневно. Се смета дека ризикот кај жените е зголемен поради генерално повисокиот ризик од срцеви заболувања. Откриено е дека жените кои пијат нешто помалку од половина литар дневно имаат 12 отсто поголеми шанси да развијат срцеви заболувања.
„Нашата анализа ја поддржува поврзаноста помеѓу внесот на млеко поголем од 300 ml дневно и повисоките стапки на срцеви заболувања и миокарден инфаркт (срцев удар), особено кај жените, но не и кај мажите“, објасни професорот Карл Мајклсон. Исто така, ризикот кај жените беше очигледен без оглед на содржината на маснотии.
„Замената на неферментираното млеко со ферментирано млеко, кое се консумира умерено, би можело да ги намали ризиците“, советуваат експертите.