– Четворица американски државјани се киднапирани во северно Мексико во близина на границата со САД, откако вооружени напаѓачи отвориле оган врз нивното комбе со регистарски таблички од Северна Каролина, соопшти денеска Федералното истражно биро (ФБИ).
Тие биле киднапирани во близина на мексиканскиот пограничен град Матаморос, каде војуваат ривалските фракции на т.н. заливски нарко картел.
ФБИ вчера соопшти дека во комбето со Американците било пукано веднаш по влегувањето во Мексико, но не е јасно дали киднапирањето е поврзано со насилството што се случувало тој ден во Матаморос.
Беше објавено дека „сите четворица Американци биле ставени во едно возило и дека биле однесени од вооружени лица“.
ФБИ нуди награда од 50.000 долари за секој што ќе го овозможи ослободувањето на Американците и апсењето на киднаперите.